Државната Анти-корупциска комисија се уште не постапува по пријавата за директорот на некогашната моќна безбедносна агенција УБК Горан Николовски, кој наводно поседува несразмерен имот чие потекло не може да се објасни. Ова го обзнани Фросина Ременски, која го обвинуваше Николовски за нејзиниот прогон во случајот Рекет. Еве што кажа Ременски кога тврдењата првпат излегоа на виделина.
Која хипокризија на системот човече, кое лудило еј ? Да имаш пријава од парламентарен надзор и докази за скриен имот на туѓо има на функционер (Директор на УБК – Горан Николовски) со плус сериозни аргументи за судир на интереси и службено непостапување; да не решаваш и да не одлучуваш цели две и пол години, и да прашуваш до каде е законот за потекло на имот, не само што е глупо, туку и несериозно❗
Плус да тврдиш (сигурно од реални сознанија кои бараат докажување) дека се возат коли и се располага со имот на туѓо име, а да не постапуваш по службена должност по тие сознанија со други институции е глумажа на воља и некаква антикорупциска грижа ❗
Ако вака се бара изговорот за непостапувањето на надлежните антикорупционери, тогаш одлично им оди и уште долго ќе чекаат закони и дозволи. Само напред❗
П.С Додека антикорупционерите глумат “акција и грижа”, Горан Николовски замина во пензија со скриениот имот, а разбрав и дека после 8 години ги вратил парите со кои се послужил од службата (УБК) од “спец касата” на УБК – онаа за која одговараа службениците, но не и трошаџите. Тоа му иде како “инстант-кредит без камата до даЉњег”. Е тоа ти е професионализам