„Слободен печат“ дојде до целосниот извештај од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот каде на медицинската сестра од Дебар Јалдз Веапоска, извадени и беа матка, бубрег и јајник, иако во струшката болница отишла само за да се породи.
Во изјавата што директорот и гинеколог во струшката болница, доктор Мухамед Асани ја дал пред членовите на Лекарската комора, навел дека родилката ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско.
Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот. ,,Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници.
-Не можеле да утврдат лекарска грешка, а повреден бил крвен сад. Јас сама го повредив?, прашува Веапоска за ,,Слободен печат”. И покрај тоа што во извештајот пишува дека имало крварење од артерија на левата страна и затоа бубрегот морало да биде изваден, за петчлената анонимна и гарантирано заштитена комисија на Лекарската комора, пропусти официјално во заклучокот, не се пронајдени. „Слободен печат“ со дозвола од пациентката го објавува извештајот од стручниот надзор.
Izvor – Sloboden Pecat