Повредената девојка која вчера беше застрелана во Чикаго, а која по потеко е од акедонија е Ана Бранковиќ Јовановиќ. Таа има 31 година и во Чикаго била неколку години, а вчера беше застрелана на работно место во ресторанот во Бур Риџ во Чикаго. На социјалните мрежи се појави апел за донации за Ана.
Таа се наоѓа на интензивна нега, а е повредена со три куршуми во ногата, во рамото и во раката. Српските медиуми вчера објавија дека во инцидент што се случи вчера во преградието на Чикаго Бур Риџ е убиен Србинот Никола Мишовиќ (30), а повредена е Бранковиќ, 31-годишна девојка која по потекло е од Скопје.
Убиецот е Џереми Спејсер (31) од Арканзас кој бил вработен како возач во фирмата “Winners Freight LLC”, чиј сопственик бил убиениот Никола Мишовиќ. Спејсер пукал во Мишовиќ, а потоа продолжил во друга компанија „Force” која се наоѓала во истиот објект, а на која сопственик е Македонец. Тој претходно бил отпуштен од компанијата и сакал да се одмазди. Во компанијата пукал во девојката.
Вооружениот напаѓач по убиството побегнал од местото, но полицијата набрзо го пронашла во близина на објектот во кој го извршил маскарот. Кога бил опколен и повикан да се предаде, осомничениот пред полицијата си пукал во глава.