Движењето Шанса за Центар обвини дека општина Центар се обидувфа да го распродаде државното земјиште во кругот на некогашната фабрика Треска, кое е најпосакувано место за градење на централното градско подрајче.
Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи
решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фка Треска на начин што ќе ги оезеди интересите на поединци и инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес. Во обид да превенираме и со време да ја информираме јавноста сакаме да ги посочиме следниве точки и да поставиме неколку прашања за кои до денеска немам добиено официјален одговор:
• Резултатите од идејните решенија од конкурсот за ф-ка Треска сѐ уште не се јавно
оелоденети. Иако Општината вети дека ќе имаме изложа чекаме повеќе од 6 месеци за да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот одбива соработка и со Партиципативното тело за урбанизам кое го бара објавувањето и ветената изложба.
• Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, непочитувајќи ги конкурсните решенија. Да потсетиме – повеќе од 47 отсто од земјиштето е државно и не смее да се случи тајна продажба и дооформување на парцели по закони кои не го штитат јавниот интерес ниту граѓаните. Промените на законот за уранистичко планирање не влијаеа на промена на планирањето во интерес на заедницата, ниту успеаа да ги разбудат институциите за запирање на штетните планови од 2012.
• Јавно прашуваме зошто после 5 години законите и уредите за дооформување парцели во сооднос имаш 30% си докупуваш 70% сѐ уште не се променети, или се распродава имот во Центар во четири очи за багателни цени. Зошто системот за продажа на државно земјиште нема никаква транспарентност за јавноста? Зошто легализацијата се дозволува и се спроведува полесно отколку справувањето со дивоградите, а за тоа никој не одговара? Ги повикуваме сите институции, невладини органзиации и оние кои треа да го заштитат јавниот интерес и интересот на државата да го следат случајот околу ф-ка Треска за да не ни се повтори ситуација како кај Холидеј ин, Нова Македонија и други места низ Центарот на градот
Општината и приватните сопственици на земјиште на оваа парцела негираат дека прават нешто нелегално.
Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост. Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право. Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка, велат сопствениците.