Од ноќеска на полноќ е укинат полицискиот час на територија на целата држава. Одлуката донесена вчера, Владата ја објави во Службен весник пред полноќ, со што стапија на сила и другите мерки кои предвидуваат олеснување на рестрикциите поврзани со ширење на заразата со ковид-19.
Со последната владина одлука се укина работното време на угостителските објекти, а се дозволи организирање прослави и концерти и настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1 000 посетители.
Донесени се и измени на протколот за свадби кој предвидуваше максималниот број на гости да изнесува не повеќе од 100, а веселбата требаше да се пријави во угостителската комора.
За угостителките објекти сепак остана забраната за служење храна во затворениот дел од објектите.