Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија. Најавата доаѓа во време кога Македонија се соочува со невидена енергетска криза – домашните капацитети се преполовени, а над половина од потрошената енергија доаѓа од увоз, што за кратко време стана многу лукративен бизнис.
Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица. Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.
Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се Тотал инженеринг и Тотал електрик. Најпозната компанија на Заеви е Тргопродукт и фирмата-ќерка Мамас.