Новинарката Сашка Цветковска од мрежата ИРЛ ги обвини Македонците кои ја застапуваат и другата страна во конфликтот меѓу Украина и Русија. Според Цветковска, тие што не се подготвени да ја поддржуваат Украина и западните земји во конфликтот, не треба да одат на работа на Запад, или да ги праќаат децата да учат таму.
Секој има избор. Еве, Македонците можат да си ги праќаат децата на студии, обуки и работа во Евроазија штом западот е трул. Зошто во ЕУ или САД, Канада, Австралија итн. Работниците можат таму да мигрираат и да работат, зошто во Германија, на пример. Ах, и ќерката на Путин може да се врати од Холандија дома, зошто седи во тој злобен Амстердам. За разлика од сиромашките обични чесни граѓани на Русија, децата на сите руски големци се во Лондон, во Њујорк, па се секираат ли тие нивни родители побогу. Еве нека си ги приберат и нив, нека одат патриотски во Украина, напиша Цветковска на Фејсбук, додавајќи дека коментарот и е инспириран од „еден локален имотен лик“ кој го бранел Путин, но ќерката му студирала во Калифорнија.
На ова одговори лидерот на Левица Димитар Апасиев. „Не издржа срце СОРОСПИСКО! ❤️ #БројлериОдКалапИзвадени“ напиша Апасиев, кој сподели коментар на Јован Крајевски кој и одговори на Цветковска.
Според Крајевски, причината што побогатите во Македонија ги праќаат децата да студираат на Запад е да „им се улижуваат на своите колонијални господари“ и тоа што Западот ги уништува сите други земји кои можат да крнат глава. „А работничката класа си ги праќа децата на Запад бидејќи вакви „непристрасни“ новинари дехуманизираат популација од 5-6 милијарди жители (глобален југ, трет свет – како сакате викајте ги) и само ЕУ + САД + Канада + Велика Британија + Австралија ни ги продаваат ко цивилизирани и неварварски држави“, додаде Крајевски.