Набргу по вчерашното интервју на Никола Тодоров, во кое тој го бранеше ликот и делото на Ванчо Михајлов, со слични тези се огласи и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Никола Тодоров потврди дека Ванчо Михајлов бил бугараш, но сепак бара да го прифатиме како наш
Во интервју за ТВ21, Георгиевски објаснуваше како „Ванчо Михајлов беше синоним за самостојна и независна Македонија кога јас растев“.
Во времето на Гоце, Даме, историските личности тоа беше ВМРО. Самото име е име на Александров и Михајлов. Тие сами по себе контроверзни и ги спомнувавме во пакет. Со тек на времето, Александров доби легитимитет и го рехабилитираа. Кога зборуваме за Ванчо Михајлов, не зборуваме за да му се постави улица, но не можете да го етикетирате во македонската историја, затоа што се двата лидери на ВМРО кои го држат македонското прашање меѓу двете светски војни. Тие се двајцата лидери чии имиња е синоним за автономна, самостојна и обединета Македонија, додаде Георгиевски.