Поранешниот министер Никола Тодоров продолжува со обидите да го рехабилитира Ванчо Михајлов. Во дебата со историчарот Тодор Чепреганов, кој инсистираше дека Михајлов целиот свој живот работел за интересите на Бугарија и го негирал македонскиот народ, Тодоров одговори дека Македонија не смее да се откажува од своите историски личности, бидејќи другите народи ќе ги преземале.
Видете сега професорот е експерт во таа област, јас сум адвокат.. Сакам да читам доста историја. Сега вака, овие ставови малку ми делуваат ако Ванчо Михајлов, знаеме, Тодор Александров, излегува дека ова ВМРО, тие што го раководеле ВМРО, имале други идеи. Ако се вратиме уште назад, еден од основачите на Организацијата доктор Христо Татарчев оставил тестамент во кој што вели целиот имот го остава на сопругата Софија, а по нејзината смрт, на Ресен и на Кукуш, ако се во Голема Бугарија. Ако тргнеме така, можеме цело ВМРО да го бугаризираме, што не е баш добро, сепак ВМРО е организацијата од која што се појавуваат основите на македонската борба за државност, изјави Тодоров, на подолгото образлагање на Чепреганов зошто не смее Македонија да го рехабилитира Ванчо Михајлов.
Понатаму во дебатата, Тодоров продолжи со изнесувањето на слични ставови.
Ванчо Михајлов, ваков или таков, тој е дел од нашата исторја. Тој е роден во Штип, учел гимназија во Скопје, се залагал за самостојна Македонија со главен град Солун. точно е ова што се кажа дека не признавал постоење на македонска нација, но сепак е дел од македонската историја, додаде Тодоров.
Ова предизвика реакција од други видни поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Илија Димовски на твитер напиша, „Ванчо Михајлов да го поистоветуваш
со македонското десно национално движење, мора многу да сакаш да одработуваш за левицата… #луѓесоразминатидентитет“.
https://twitter.com/ilijadimovski/status/1521585760402563073
[…] […]
Comments are closed.