Владата денес им наложи на македонските електрани ЕСМ да го одложат доспевањето на фактурите за декември и јануари до диструбитерот ЕВН до јули годинава. ЕСМ ќе и дозволи на австриската компанија да ги исплати парите за струјата која што била испорачана до домаќинствата и другите потрошувачи за повеќе од половина година, во замена за гаранција испорачана од ЕВН.
Бидејќи ЕСМ е веќе во тешка финансиска состојба, по колапсот на домашното производство на струја со честите проблеми во РЕК Битола, и со исклучително високата цена на увозната струја, а одложеното плаќање од ЕВН само дополнително ќе ја влоши состојбата во енергетскиот гигант, Владата реши да му исплати уште 2.9 милиони евра на ЕСМ од државниот буџет. Главен извор на приходи за ЕСМ е исплатата на фактурите за потрошена струја од страна на ЕВН.