Српскиот опозициски политичар Владета Јанковиќ, кој најавува кандидатура за градоначалник на Белград, најави дека ако дојде на власт ќе отстрани новоизгардениот споменик на средновековниот крал Стефан Немања. Локацијата за ова, според Јанковиќ, е во Маринкова бара, населба одалечена триесетина километри од Белград. Друга можност, според него, е споменикот да остане на местото во центарот на градот, но на него да се закачи табла со која ќе се објаснува зошто тој е естетски и морално погрешен.
Српската опозиција бурно реагираше на поставувањето на споменикот, кое го оценија како исполитизиран потег на претседателот Александар Вучиќ.
Се наоѓаме во ужасна ситуација. Едната е врз споменикот да ставиме натпис зошто тој го нагрдува градот Белград и зошто не му е местото тука. Тоа се прави со спомениците од колонијалната ера. Па да носиме ученици на споменикот да учат зошто тој не е добар. Друго решение е споменикот да се тргне, како што направија со социјалистичките споменици во Будимпешта. Сите такви споменици ги однесоа во пуст дел на градот и таму луѓето учат за тоа што е Сталинизмот, вели кандидатот.