Украина побарала од Унгарија да обезбеди итна средба, откако добила информации дека Русија подготвува план за победа до 9 мај – денот кога се одбележува победата над фашизмот.
Според унгарските медиуми, унгарскиот премиер Виктор Орбан го информирал папата Францис дека Русија има прецизен план како да ја заврши војната во следните неколку дена. Папата за ова ја информирал Украина, која итно бара повеќе детали од Орбан.
Унгарија е една од државите членки на ЕУ која има најблиски односи со Русија, што ја наведе Украина да помисли дека е дури можен и унгарски напад врз западна Украина, каде живее бројно унгарско малцинство. Во Киев претпоставуваат дека Путин ја информирал Унгарија за неговиот план за напад врз Украина, и дури побарал унгарска помош.