Ај сега да ви кажам една приказна што нема да ви ја кажат егзалтираните од “преголемата љубов”, “историските настани” и “фенерската светлина” од која изгледа сите ги има фатено сончаница, па не можат да размислуваат со главата… Арно ама, ако не си намолзиле пресно млеко потквасено после, еве троа да ‘и натуриме со киселомлекце, да му помини сончаницата од преживеаните светлини фанарски, пишува на фејсбук професорот од Прилеп и композитор на црковна музика Гоце Секулоски.
„Што всушност се случуваше таму и зошто требаше да се оди таму под вакви услови и видно потценување на нашата Македонската Православна Црква од страна на фанариотите?
Во своите соопштенија и изјави Фанар и вселенскиот јасно дадоа до знаење ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА НАМЕРА ДА ЈА ПРИФАТАТ АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ, ниту како Охридска Архиепископија. Оттука го измислија лукавиот назив “Охридска црква ” која не треба да има никакви конекции и асоцијации со древната и славна Охридска Архиепископија, која патем, НИКОГАШ не била потчинета на Фанар.
ОДГОВОРИ ТРЕБА ДА СЕ ДАДАТ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ СМЕЕ ПОВЕЌЕ ДА БИДЕ БРУТАЛНО ИЗНЕВЕРУВАН И ЗАМАЈУВАН, ПОСЕБНО НЕ ОД ЕДИНСТВЕНАТА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ОСТАНА СО ИМЕ МАКЕДОНСКА ВО државата која се’ повеќе наликува на протекторат и апардхејд насочен против македонската култура, јазик и име.
Има гласини дека македонскиот архиепископ не ги прифатил условите за фанарски томос, па сега оваа опција на екуменскиот патријарх е потчинувајќи или третирајќи ја Македонската Црква како автономна, сотоа ќе успее индиректно да ги потчини и епархиите во дијаспората… Барани биле ставропигијални манастири, ветувања за назначување на егзарх…
На сите овие прашања и дилеми истоштениот, постојано изневеруван, МАКЕДОНСКИ НАРОД ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНСКИ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР.
Сега е времето кога македонските архиереи или ќе го поведат македонскиот народ, нивната паства, или ќе го предадат на волците “лицем светци срцем в’лци”.
Доста се замајувања. Вистината веднаш.“, пишува Секуловски.