Претседателот на САД Џо Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.
„Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението Белата куќа.
Извршниот декрет 13219 кој се однесува за Западен Балкан, предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот.
„Секое лице, граѓанин или политичар, кој го спречува или пак претставува закана за спроведување на Преспанскиот договор или за Охридскиот рамковен договор ќе се најде на црната листа на САД, ќе му биде забранет влезот во САД и ќе му биде замрзнат имотот, предвидува декретот со кој се опфаќаат сите држави од регионот на Западен Балкан.