Информатичкиот инженер Роберт Милески во една реченица му објаснува на премиерот Димитар Ковачевски како може некој да ги дознае адресите на училиштата. Ковачевски беше револтиран што пријавувачите на лажни бомби продолжија да праќаат закани за бомби и покрај тоа што по налог на министерството за образование беа сменети сите е-маил адреси на училиштата.
„Истрагата за дојавите за бомби, не можам да споделам детали, но дава интересни првични податоци. Како новите адреси веднаш биле доставени до тие коишто ги праќаат овие лажни дојави за бомби?, рече премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, во врска со новите дојави за бомби иако биле променети електронските адреси на училиштата.
Таче, душо, јас ќе ти објаснам како. Јавно достапните имејл адреси, доколку истите не се јавно објавени (иако нема смисла да се јавни, а никој да не ги знае), преку таканаречен dictionary attack на самиот mail server можат да се откријат за 10 минути.“, пишува Милеси.