Рускиот министер за одбрана Сергеј Лавров обвини дека платеници од балканските земји, Босанци и Албанци од Косово и од Албанија, се приклучиле на украинската армија и се подготвуваат да учествуваат во напад врз про-руските области Доњецк и Луганск.
Имаме информации дека платеници се регрутираат во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина со цел да се дестабилизира Русија. Тие се испратени во области како што е Донбас. Ги проверуваме овие информации, изјави Лавров во интервју за Русија Денес.
Тој ги обвини САД за поттикнување на конфликти насочени против Русија. Во интервјуто, Лавров посочи на ефектите од американските интервенции на Балканот како предупредување за Украина, што ја чека ако дојде под американско влијание.
Овој регион е се само не е просперитетен. Косово и други делови на Западниот Балкан се бази за организиран криминал. Таму имате терористи и шверцери на дрога. Не е точно и не е етички да се каже дека НАТО ја нападна Југославија со благородни цели, изјави Лавров.
Тој додаде дека САД, преку шефот на мисијата на ОБСЕ Вилијам Вокер, лажно ја претставиле смртта на борци на УЧК во селото Рачак како наводен масакр на цивили, со цел да испровоцираат американска интервернција во Косово.