Професорката Тања Каракамишева излезе со предлог текст за нова Преамбула за уставните измени кој треба да ја штити самобитноста на македонскиот народ и продолжување на континуитетот од Крушевската република, АСНОМ и 8-септември 1991 година.
-Ние, припадниците на Македонската нација, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на својата татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорна пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднаква во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучивме да ја конституираме Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав…. се наведува во нејзиниот предлог.