Во својата најнова колумна Сашо Орданоски истражува дали апсењето на Бојко Борисов во Бугарија е некако поврзано со Македонија и со неговото вето за македонските преговори со ЕУ. Орданоски раскажува за неговата средба со Борисов, на која тој дошол бргу возејќи бесна кола и со сребрен револвер на појасот, за на крај да заклучи дека апсењето веројатно не е поврзано со Македонија.
Средбата со него – во тоа време, се подготвував за интервју со Симеон Втори, а тој му беше еден од најблиските соработници – ми ја закажа во еден од елитните ресторани на планината Витоша, иавишена над Софија. Како што е ред, јас дојдов нешто порано и бев среде „тепање време“ во прекрасниот видик од ресторанската тераса, кога на паркингот на ресторанот со огромна брзина влета едно „набричено“ ауди-кватро и, со рели-маневар и квичење на гумите, конечно застана во облак од прав! Од возачкото седиште излезе Бојко, смеејќи се на глас и гестикулирајќи кон двете возила од неговото обезбедување кои едвај се приближуваа кон него – јасно е, ги имаше претркано барем со 30 секунди разлика! Тој видно расположен, јас малку вчудовиден, се поздравивме и влеговме да седнеме во ресторанот. На седнување, нов шок за мене: генералот Борисов извади еден сребрен колт, со големина на новороденче како од филмовите на Клинт Иствуд, и го стави под перничето на празната столица до себе. „За секој случај!“, се насмеа, по што можевме да тргнеме со муабетот… Хммм… На човекот кој, меѓу другото, ќе го уапси во Софија прочуениот балкански криминалец Јоца Амстердам, еден колт под перниче веројатно може да му се прости, пишува Орданоски.
Целата колумна тука.