Зоран Иванов, кој мораше да се извинува за навредите кон бугарската министерка Екатерина Захариева и ја загуби функцијата во државната агенција МИА поради тоа, радосно го дочека апсењето на нејзиниот партиски шеф Бојко Борисов. Во коментар на Твитер, Иванов ја повторува и навредата „фригидна“ кон Захариева за која мораше да се извинува на времето, но овојпат без додавката „кучка“.
Бојко рикна, а таа фригидната била со имунитет па нејзинит див ѕид хотел на брегот на черното засега ќе и` служел само како ѕид на плачот.
Бојко рикна, а таа фригидната била со имунитет па нејзинит див ѕид хотел на брегот на черното засега ќе и` служел само како ѕид на плачот.
— Zoran Ivanov (@ivanov_zoran) March 17, 2022
Борисов се соочува со обвиненија покренати од ЕУ обвинителката Лаура Ковеши, веројатно за корупција во јавни набавки и во трошење на европските фондови за Бугарија. Според коментарот на Иванов, и Захариева би требало да одговара за корупција, но е заштитена поради нејзиниот имунитет.