Кога се прави прослава за нешто македонско, како Илинден или 11-ти октомври, тогаш медиумите и јавноста се лутат ако не се потрошат доволно многу пари?!?!
Ако е прославата слаба ако нема доволно спектакл, ако е мал огнометот, ако е мала бината, ако има малку народ на настаните ако нема доволно пејачи итн тогаш јавноста се бунтува и се лути!
Никого не го интересира колку пари се потрошиле затоа што тоа се подразбира, за тоа не се жалат пари, тоа се НАШИ празници!, пишува Саше Ивановски Политико за Мактел.
Во продолжение вели:
Ама ако Албанците решат да прослават за своите празници и големи историски настани кога се стекнале со големи права и станале уставотворен народ во земјава тогаш јавноста ги брои центите и крека и плаче како тоа немаме болници а сме правеле прослави?!?!
Ама никој не прашува колку пари се трошат за Галичка свадба? За струшки вечери на поезијата? За охридско лето? Зошто? Затоа што се МАКЕДОНСКИ КУЛТУРНИ манифестации? Знаете ли дека за Охридско лето се трошат над 1 милион евра секоја година за да се донесат музичари кои ќе им свират на богатите од земјава да можат за речиси ич пари да следат светски тенори и оркестри додека рајата обична која го плаќа сето тоа мора од свој џеб да си плати голема карта за концерт за своите омилени музичари кои ги слуша на стадионот во Охрид?
Сите тие паники за Албанците и нивните прослави и нивните вработени во администрација и тоа дали плаќале данок и струја се новото ЗА ШИПТАРИ ГАСНА КОМОРА, сите плачат како во Арачиново не се плаќало данок на имот а никој не отишол да види дека низ сред село поминува канал со фекалии кој поминува на 20 метри до основното училиште во селото, сакам да ги видам Македонците како ќе реагираат да тече канал со лајна и мочка на 20 метри од основното училиште и дворот каде учат нивните деца, тогаш ќе има ново востание не пак данок некој да плаќа од тоа село или населба…
Сите Албанци кои пазарат во Сити Мол или Ист Гејт плаќаат ДДВ од 18% на сите производи и така е и за сите ресторани хотели салони за коли ланци на маркети… Од тие пари се финансираат и прославите за Илинден и 11-ти Октомври и Галичка Свадба и Охридско Лето и Струшки Вечери на Поезијата па така треба да биде и за рамковниот договор со кој заврши една војна и станавме посилна држава која ќе си ја чуваме и ќе си ја сакаме сите заедно, треба да се престане да се креира хистерија секогаш кога Албанците ќе потрошат пари од заедничката каса, тоа се наративи за раздор и омраза не за заедништво, таа народна каса е заедничка, сите ја полниме и сите треба од неа да земаме.
А за тоа колку сите плаќаме даноци, погледнете го билтенот на МВР, секој ден има десетици кривични пријави за македонци кои не платиле даноци, од најситни бизнисмени до големи олигарси, сите бегаме од таа обврска престанете да ги правите Македонците ангели а Албанците црни ѓаволи…