Имаме партија на власт – СДСМ, која вели ние сами не можеме да опстоиме. И ако не си ја дадеме честа, (парафразирам), но за мене тоа е давање на чест, ние не може да опстанеме. Кој размислува така? Па проститутката. Затоа што таа верува дека е неспособна за ништо и си ја продава честа оти верува дека нема што да даде. Во спротивно на таа теза е либертаријанската теза која што вика ако работам на сопствените компетенции и ако си ја зачувам честа, јас всушност си ја зачувувам слободата. Оти можеш да останеш човек, само ако си ја зачуваш слободата по цена на живот и смрт, вели поранешниот пратеник Зоран Витанов во емисијата Родински разговори на youtube.
Витанов вели дека во природата на човекот е да биде слободен, а на оние кои се бараат сигурност ги упати во Идризово.
„Ако нас ни беше важна сигурноста, а тие ЕУ и НАТО ни ја продаваат како сигурност, тогаш сите ние ќе се стремевме да завршиме зад решетки. Зошто? Па таму е најсигурно. Сакам тоа да им го препорачам на овие што бараат сигурност. Таму имате три оброка на ден бесплатни. Имате покрив над глава, имате кревет, никој не може да дојде до нив. Ем се безбедни зад решетки, ем професионалци ги чуваат вооружени. Зошто не се стремат кон Идризово?
Затоа што длабоко во себе ние не бараме сигурност, туку слобода. Ние заборавивме да ја цениме слободата. Живееме под тотална хипноза, психоза. Не водат лузери кои имаат екстремна контрола. Извршители на центри на моќ“, вели Витанов.
https://youtu.be/bnNJ_xt10rE?t=2068