Новинарот Љупчо Златев реагира на повикот на генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа да се изгасат светлата на Милениумскиот крст како мерка на штедење електрична енергија. Златев предлага доколку се изгасат џамиите да се изгаси и крстот.
Хоџа нешто станал енергетски ефикасен па бара да се изгесело светлото на милениумскиот крст на Водно.
Сметам дека милениумскиот крст троши многу помалку струја од осветлувањето и озвучувањето на џамиите ширум земјава.
Па ете може да се направи и таков енергетски чин.
Башка, сум го читал Куранот, пророкот Мухамед нигде не проповеда дека треба да се употребуваат звучници со голема ватажа кои создаваат пикови во електро-енергетскиот систем.
Доколку се изгасат џамиите, немам ништо против гаснење на крстот. Вака, предлог мерката на Хоџа само го прави уште побрутален апартхејдот во Македонија.