1. Не е точно дека не е дозволен референдум за меѓународни договори.
Кон меѓународните договори се пристапува и од нив се истапува. Тоа значи дека граѓаните може да решаваат дали сакаат или не сакаат да се дел од конкретен меѓународен договор.
Како што сме станале договорна страна во одреден договор така може и да излеземе од него.
2. Точно е дека не може да се менува содржината на меѓународните договори со референдум. Содржината на меѓународните договори кои се усвојуваат од страна на некое меѓународно тело може да се менува единствено од страна на тоа тело.
Меѓутоа државата може да стави резерви на одредени членови од меѓународниот договор и тие да не се применуваат на нејзината територија.
Билатералните и регионалните меѓународни договори можат да се менуваат со амандмани за кои ќе се согласат двете или сите договорни страни.
3. И од билатералните и од регионалните договори може да се излезе согласно процедурата утврдена во самиот договор.
4. Со референдумот се искажува суверената волја на граѓаните, а процедурата се спроведува согласно искажаната волја.
(фејсбук статус на Мирјана Најчевска)