Бугарскиот премиер Бојко Борисов е поврзано со Русија и со неговата блокадата на македонските преговори со ЕУ, смета новинарот и функционер во државната компанија МЕПСО Љупчо Зиков. Според Зиков, Македонија сега мора да работи да постигне договор за отварање на преговорите со ЕУ.
Борисов притворен. Ништо изненадувачки. По посетата на европскио јавен обвинител Ковеши!? Пишуваат дека му пресудиле бугарските олигарси … Си ги спасувале дупињата” …!?!?! Го снимале и аудио и видео … Некако познато ми се гледа. Мили мои сега разбирате ли што е причината што точки на моќ во Македонија ниту сакаа договор со Грција ниту сега сакаат договор со Бугарија (демек предавство на земјата и националните интереси и други глупости) што е услов за почеток на патот кон членство во ЕУ. Сега ова и со агресијата на Русија врз Украина им се уклопи па фатија да “шлапаат” во корист на Путин … Оттука, тие не сакаат вакви договори затоа што не сакаат да ги решаваме овие проблеми … за воопшто да не почнеме преговори со ЕУ. Оти Ковеши ќе мора да дојде и овде … Еден ден се разбира! Ги заболе нив за националните интереси на Македонија … И овие нашиве само “дупињата” си ги гледаат! Само што сите граѓани се заложници! Затоа не треба да им се попушти … Договори за ЕУ мора да има. Сакам да кажам дека нашата борба со корупцијата и организираниот криминал е директно поврзана со брзината на почнување на нашата европска интеграција … За романката од Брисел што поскоро дојде …