Кабиентот на Стево Пендаровски ја отфрли можноста тој да даде помилување и на другите обвинети во случајот 27 Април, откако вчера делумно го помилуваше единствениот етнички Албанец меѓу обвинетите – Адуљфета Алими.
Секоја молба за помилување се разгледува поединечно. Со делумното ослоодување од извршувањето на неиздржаната казна затвор на лицето Адуљфета Алими, претседателот не донесе одлука за околностите и настаните од 27 април, туку одлука за индивидуалната мола поднесена од Алими. Претседателот никогаш не одлучувал селективно, така ило до сега, така ќе иде и од сега, рекоа од кабинетот на Пендаровски.
Од таму до-објаснуваат дека Алими, кој има добиено делумно ослоодување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса. Помилувањето е институт кој има корективна функција. Дејствата кои ги предизвикува помилувањето се овозможување и зарзување на ресоцијализацијата на осудените лица а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната. Претседателот Пендаровски, во текот на неговиот мандат потполни помилувања има дадено само во ситуации кога граѓаните кои ги араат се во животнозагрозувачка здравствена состојба“, соопштија од кабинетот.
ВМРО-ДПМНЕ побара од Пендаровски, кој еднаш веќе јавно се согласи дека осудените за упадот во Собранието не требало да се гонат за тероризам, да им даде помилувања и на другите политички затвореници.