„Резултатите од последните три изборни циклуси насекаде во земјата го докажуваат заморот на граѓаните од ‘партиските јарани’, кои ја наметнуваат така наречената ‘редуцирана демократија, заснована врз намерната саботажа на демократијата. Таквиот пристап се покажа како нефункционален и самопоразувачки на рамниште на државата, а сега се покажува како таков и на локално рамниште.“ – вели политичкиот аналитичар Арсим Зеколи во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
Зеколи пишува: „Нискиот одѕив на гласачите остава простор да се размислува дека бројот на гласови по партии го одразува бројот на партиска клиентела мотивирана да гласа, или принудена да гласа. Никој не се ни обидува да ги истражи причините за толку нискиот интерес за гласање, пројавен и во Тетово. Таков слаб интерес за излегување да се гласа има и во други градови. Постојните партии изгледаат самозадоволни од таквиот партиски клиентелизам.“
„Беса е победник – релативно. ДУИ е губитник – релативно. Победа со разлика од 500-1000 гласови при толку ниска излезност на гласачките места, на годишнината од несреќата во тетовската модуларна болница, ја оправдува радоста на Беса. Алијансата за Албанците изгуби, или кажано поинаку – освои толку колку што можеше во околности кога нема своја клиентела каква што има во Гостивар.“