Продажбата на градската куќа на градот Скопје, која беше изградена под Кале како дел од проектот Скопје 2014, на австриската компанија ЕВН, е крајно сомнителна, пишува порталот Инфомакс.
Уредникот на овој портал Александар Митовски изнесе документи кои покажуваат дека реалната цена за изградба на градската куќа била околу 21 милион евра. Но градоначалникот Шилегов ја продаде на ЕВН Македонија за само 12 милиони, со што на градот му направил штета од 9 милиони евра.
Спорен е и процесот на наддавање, со кој објектот бил продаден. „Интересно е тоа што за јавно наддавање се квалификувал само ЕВН Македонија, додека двете физички лица Елена Бошковска и Слаѓана Николоќ – Николовска отпаднале од аукцијата поради тоа што не ги доставиле бараните документи за огласот. По мене, очигледно е дека пријавувањето на двете физички лица било само формалност за да се исполни условот за одржување на јавната аукција, според кој аукција не може да се одржи со само еден понудувач. ЕВН Македонија како единствен учесник ја прифаќа понудата за јавно наддавање за продажба на Градска куќа во износ од 785.031.818 денари, или онаа сума која Петре Шилегов ја нарачал да биде утврдена со проценката на „АБЦ-Бротхер“, иако знаел дека реалната вредност на објектот (инвестициона) е повеќе од 1.2 милијарди денари или нешто повеќе од 21 милион евра“, пишува Митовски.
Накратко, ако инвестиционата вредност за изградба на Градската куќа е 21 милион евра, а Петре Шилегов ја продал за двојно помалку, односно 12 милиони евра, а за да ја постигне оваа нереална цена нарачал проценка на имотот наредувајќи која да биде вредноста на проценката со јасни насоки, тогаш, кажете ми – што направил Петре Шилегов? Според мене, Шилегов успеал да договори премија за себе но и за Штефан Петер инаку главен извршен директор на ЕВН Македонија АД Скопје, во вредност од разликата за која е оштетен буџетот на граѓаните, по шемата „пола-пола“ или ако буџетот бил оштетен за 5.200.000 евра, тогаш двајцата поделиле по некој милион. Но ова е само моја претпоставка, а работа на обвинителството за гонење на организиран криминал е да утврди, каде отишле 5.200.000 евра пари на граѓаните на градот Скопје. Колку за информација, „ЕВН Австрија“ преку „ЕВН Македонија“ заедно со „Новоматик“, компанија за производство на апарати за игри на среќа, беа спонзори на предизборните кампањи на Петре Шилегов, додава порталот.