Откако беа избркани до Куманово од страна на локалните жители и сместени во незадоволнителни услови во Скопје, припадниците на еврејската група Лев Тахор сега се сместени во хотел во селото Лакочерај близу до Охрид.
И Охриѓани не се среќни со пристигнувањето на оваа строга еврејска верска група, која честопати ја обвинуваат за перење на мозоците на помладите членови и малтретирање на децата. Според Њуз1, и во Лакочерај локалните жители подготвуваат протести.
Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина, од која заминале неодамна. Во Куманово тие се соочија со граѓани кои доаѓаа ноќе во куќите што ги изнајмиле и вербално ги малтретирале, а во Скопје беа држени под строга полициска контрола
Од МВР уведуваат дека оваа група е со легален престој и привремено престојуваат во државава. Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.