Истражувачката новинарска мрежа ИРЛ објави извадоци од новиот куп документи кои протекоа од светските банки, во кои се гледа дека македонските бизнисмени Минчо Јорданов (Макстил) и Благој Механџиски (Зегин) имале сметки во Швајцарија. Според ИРЛ, во случајот на Јорданов ова може да претставува кршење на законите, бидејќи тој не ги пријавил швајцарските сметки за време кога бил вицепремиер во Владата на Бучковски.
Документите ги објави весникот Зидојче Цајтунг, во соработка со голем број други светски медиуми, а тие содржат податоци за сопственици на безмалку 100 милијарди евра. Сметките биле отворени во банката Кредит Свис, која не поставувала премногу прашања и практично криела пари на дилери на дрога, олигарси, воени злосторници и други видови на криминалци.
Минчо Јорданов има сметки во Кредит Суис отворени од 2000 до 2009 година. Не можеме да видиме колку вкупно пари имал на тие сметки, но можеме да видиме која сметка имала максимална сума пари и колкава е таа. На пример, кај Јорданов, максималната сума на една сметка изнесува 14,7 милиони швајцарски франци и ова е најголемата сметка. Има и други сметки со по 5-6 милиони франци. Механџиски, од друга страна, има три сметки во Кредит Суис и сите три се отворени во јануари 2007 година. На Механџиски најголемата максимална сума на една од сметките е 13.3 милиони франци, а на другите две има околу 5 и 3 милиони франци, соопшти ИРЛ. Во време кога се отворени сметките, швајцарскиот франк вредел до 1.6 во однос на еврото.
Значи овие луѓе се се најлошо, се што имаат направиле во оваа држава, буквално целото нивно богатство и онака се однесувале многу лошо со системот кој неправедно ги наградил. Најбогатите луѓе кои ги стекнале сите пари благодарение на привилегиите овде, сепак одлучиле да ги чуваат сите пари надвор и да не плаќаат данок, оцени уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска во видеото кое го објавија денес.
https://www.youtube.com/watch?v=CHTwJ_I5RUw