Концептот на отворени трговски центри оддамна е напуштен. Тоа го знаев и ми беше јасно уште пред повеќе од 20 години, како што ми беше јасно дека ГТЦ со време ќе пропадне, доколку не се затвори и модернизира.
Оддамна не постојат шопинг центри во големи градови каде одејќи по продавници може да ти претрчуваат или да те нападнат улични животни, да ти е многу студено во зима или многу жешко во лето.
Во Скопје оддамна има модерни шопинг центри и јасна е разликата. Колку и локацијата да е централна, а навиката за посета стекната, новото време и конкуренцијата бара промени и прилагодувања.
Затворањето на ГТЦ значи и неминовна промена на надворешниот изглед, а кога веќе се избира нова фасада, тогаш се мислеше дека на таква првокласна локација, која е слика на центарот на главниот град, може да биде некој историски архитектонски стил кој ќе биде многу атрактивен, привлечен и нов бенчмарк на главниот град на републиката.
Додатно на ова, планот беше ГТЦ да добие уште еден кат плус, кој можеше да биде хотел, или канцелариски простор, или било што друго од деловно-комерцијален карактер.
Со продажбата на тој кат, планот беше да се вратат парите кои од буџетот ќе се вложеа во затворањето, новата фасада и темелното реновирање и разубавување на ГТЦ во неговата внатрешност.
Во тоа време некои луѓе во СДСМ кои ништо не сработиле во животот за општо добро, а имале такви можности, се исплашија дека со спомениците, новите објекти во современ и во историски стил и со новите фасади во историски стилови, ВМРО-ДПМНЕ создава нешто што трајно ќе потсетува на неговото владеење, но во исто време и на неработењето на СДСМ кога биле на власт, Или, како што јавно рече во една прилика еден нивни злобен перјаник – Мирослав Грчев, „ВМРО со ова си создава трајни билборди“. Го слушнав и си помислив: „А зошто не создававте и Вие, зошто ништо не изградивте, подолго бевте на власт од ВМРО…“
Еве сега се шест години повторно на власт, пак ништо ни градат, ни создаваат. Само „млатење празна слама”, политички прогон на политичките конкуренти, понизност пред меѓународната заедница за да им помогне да останат подолго на власт, придружена со отстапки на националните прашања и крадење на ангро.
Пријатели од Скопје ми кажуваат дека ГТЦ е веќе неповратно пропаднат како таков што е сега, дека скоро пола продавници на приземјето не работат а на катовите многу помалку. Нормално е во вакви услови дополнително да пропаѓа и во загуби и со затворање на дуќаните.
Во тоа време се појави една група која се преставуваше како некакво граѓанско движење наречено “Го сакам ГТЦ” или така некако, што секако беше во задскриена организација и полна логистика на СДСМ, со водачи поставени од нив. Целта беше да се престави дека не се партиски туку независни, а со цел да им се придружат и некои други граѓани кои не сакаат да се идентификуваат со партија и плус да не излезе дека е меѓупартиска борба туку “народот против власта”.
Па организираа протести на кои го „гушкаа” ГТЦ.
Во ред, се собраа многу луѓе, очигледно организаторот со кампања успеа да создаде негативни чувства кај поголема група наши граѓани, голем дел од нив партиски припадници, но и еден дел кои не беа. Протестираа со денови, направија дури и референдум во општина Центар кој не успеа поради недоволна излезност, но процентот на излезност на центарци беше иако недоволен, сепак висок.
Градежниот зафат се одложи за да се смират страстите а потоа почна политичката криза и ГТЦ остана да пропаѓа.
Дуќанџиите во ГТЦ го прифаќаа проектот, бидејќи им беше од корист и беше шанса долгорочно да си го спасат бизнисот. Ама кога почна оркестрираниот напад на нас, кои сакавме да им помогнеме, си молчеа и гледаа сеир наместо да излезат јавно и да се спротистават на протестите, да објаснат дека тоа е спас за нивниот бизнис и за вработените.
Затоа, сега, сите „гушкачи“ и нивни поддржувачи можат пак да се соберат, ама овој пат не на гушкање, туку на „парастос” на испразнетитот од купувачи ГТЦ, затворените продавници, отпуштените работници и милионските загуби.
Човек како што може сам да си направи штета, никој друг не може да му направи таква штета.
Заслепени од партиска политика, останаа без нов објект за Драмски театар, во времен објект кој се распаѓа
(фејсбук статус на Никола Груевски)