Опозициската ВМРО-ДПМНЕ би победила на парламентарни избори со голема разлика од 60 до 70.000 гласови повеќе од можната коалиција на СДСМ и ДУИ, покажува нова анкета на ИПИС спроведена по нарачка на порталот Вечер направена врз 1.114 испитаници. Според испитувањето, ВМРО-ДПМНЕ ужива за 5 отсто поголем рејтинг од владејачката коалиција. Според анкетата, најголема доверба ужива ВМРО-ДПМНЕ со 21,7 отсто, што е за четвртина повеќе од 16,7 отсто кои би ги добила заедничката листа на СДСМ и ДУИ.
Мнозинството граѓани, според истражувањето, се за парламентарните и претседателските избори да се одржат во ист ден, а не одделно.
Половина од граѓаните или 50,9 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, додека 13,7 се на ставот дека оди во донекаде погрешна насока.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со 5,1 отсто поддрка има за нијанса повисока поддршка од Димитар Апасиев, лидерот на Левица со 4,5 отсто.
Интересно е што граѓаните се прилично изедначени според тоа дали би гласале на за некоја од постојните партии или пак за нова партија.