Поранешниот премиер Никола Груевски упати честитка по повод 9 мај, кој се празнува и како Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа. Во неговата порака, тој цитираше цитат од книга на Иан Кершо, во кој се упатува нишка на надеж за иднината на Европа.
9. Мај! Многу значаен ден за Европа.
Ден на Европа и ден на победата над фашизмот во Европа.
Ден-потсетник на завршувањето на најстрашната, најскапата и најголемата војна на сите времиња во Европа. Над 60 милиони убиени луѓе или околу 2,5% од тогашната светска популација. Да не се повтори! “Континентот со генерации ќе го опседнува моралното прашање како воопшто таков конфликт станал можен и зошто Европа потона во бездната на нечовечноста. Војната, како ниедно случување пред тоа разоткри дека човечките суштества се способни да направат најстрашни злочини во околности кога се тргнати сите правни пречки или кога правото е ставено во служба на нехуманите цели. Концентрационите логори станаа најважниот симбол во светот на ноќните мори во кој човечкиот живот беше безвреден и во кој само самоволието одлучуваше за животот и смртта. Стана јасно дека Европа, создавајќи го тој пекол на Земјата за такво мноштво на своите граѓани, дојде на раб на самоуништување. Сознанието дека континентот се обидел да направи самоубиство ја роди потребата, за после се, нов почеток.
Војната во Европа заврши со германската капитулација на 8. Мај 1945 година (Ден на победата во Европа), но европските војски уште три месеци ги продолжија борбите на Далечниот исток, се до безусловното предавање на Јапонија. Целосниот пораз на Јапонија го означи крајот на Втората светска војна. Војната заврши со случување кое повеќе од сите ќе ја обликува иднината на Европа и остатокот на светот: нуклеарниот напад на јапонските градови Хирошима 6. Август и три дена подоцна на Нагасаки. Соаединетите Држави вложуваа четири години огромни средства во пионерски истражувања на нуклеарни научници што доведе до создавање на атомска бомба. Германците за цела среќа, беа поназад со своите истражувања. Експлозијата на атомската бомба одеднаш драматично ја промени основата на политичката и воената моќ и го промени начинот на размислување за војната…
…Од пепел и наспроти сите препреки се раѓаше новата Европа. Беше поделена, но сите нејзини составни делови почиваа на цврсти темели какви што беа незамисливи непосредно после војната. Пред неа лежеше иднина. Иако одбележана со длабоки матерјални и морални лузни на најстрашната војна на сите времиња, Европа доби шанса да стане стабилна и богата во мерка која била потполно незамислива со текот на десетлетијата кога дојде на работ на самоуништувањето”.
Ian Kershaw (р.1943)
ДО ПЕКОЛОТ И НАЗАД
ЕВРОПА 1914.-1949” (2015)
https://www.facebook.com/100044378201385/posts/553750646114204/