Во Фејсбук коментар, директорот на МЕПСО Љупчо Зиков го критикува владиката повардарски Агатангел за неговиот денешен апел до Господ да ни помогне Македонија да си го врати името. Дедо Агатангел говореше на закројувањето на лозјата во Кавадарци, каде побара за божја помош лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да издејствува враќање на името и се друго што Македонија загуби во изминатите години.
Коментарот на Зиков го пренесуваме во целост:
За виното и Агатангел…
Гледам едно прекрасно интервју на Нова тв Србија по повод празникот на виното Св. Трифун. Со Радовавоновиќ… сопственик на винаријата Радовановиќ. Една од најголемите во Србија. Зборува за извозот од неговиот подрум, кажува за предизвиците на бизнисот со виното … Раскажува овој голем винар основач на својот подрум кој последната деценија пораснал за два пати. Раскажува за убавината на овој бизнис и тоа денес на св. Трифун.
Е сега … ги гледав вестите на македонските телевизии … Ние со Агатангел во Кавадарци се труеме во прв план … се “покакал” денес … ја раширил темата и на крај у “нужник” ја набутал … И тој е главен на телевизиите!
А каде се македонските производители на вино на телевизија? Оние кои го откупуваат грозјето и го прават вино низ долг и тежок процес …? Хероите кои ги дигаат и земјоделците производители на грозје.
Ниту на еден медиум не му текна да направи разговор или репортажа со сопственик на винарија – производител! Откупувач на грозје … А нема цена на грозјето ако нема откупувач и производител на вино …
Ете тоа е таа разлика што не прави мали. Малодушност. Немаме адекватна перцепцијата и однос кон нештата. За медиумите зборувам.
Грозјето ќе се работи и со повисоки цени само кога македонаките винарии и подруми ќе растат и ќе продаваат повеќе и повеќе и повеќе! Ако тоа не се случи ќе снемува грозје, а ќе има многу политика. Полека полека како многу нешта што ги снемува и се претворија во гола политика и голи настани за праќање примитивни пораќи до рајата по долината на Вардар …