Полицијата вчера на улица Илинденска во Тетово го уапси А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.
Како што тогаш информираа од болницата, вработените утрото увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа немало последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.
Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.
Од увидот било утврдено дека со метален предмет било удирано врз цевките, една била пресечена, а другата свиткана.