Градоначалникот на Кисела Вода искрен, во едно поопуштено интервју зборуваше за неговиот приватен живот каде истакна дека ако не била партијата, немало да се ожени со Ивана. Тој вели дека партиски се запознал со сопругата и така започнала нивната љубов.
Во политиката бил од 18 години, па така и ја запознал сопругата Ивана со која е пет години во брак и имаат син.
„Во партијата често се шалевме дека за некои луѓе да не беше политичката партија немаше да се оженат. И на крај и со мене така излезе. Јас и сопругата партиски се запознавме на еден настан. Јас од Кисела Вода, таа во Карпош и така почна љубовта“, искрен е Темелковски, чија сопруга била многу повеќе политички активна од него, ама решила да се повлече од политиката.
„Многу сум ѝ благодарен, затоа што кога јас кога одев напред во политиката веќе бевме длабоко во врска, па незгодно беше двајцата да тераме политичка кариера. Таа се повлече, сега студира постдипломски и работи во Општина Карпош“, раскажува градоначалникот Темелковски.