Македонски Телеком денес престана со емитување на руската телевизија Русија Денес, која остана да зрачи во етерот и покрај тоа што Владата побара од медиумскиот регулатор АВМУ да ја тргне од малите екрани.
Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено“, се вели во соопштението од Македонски Телеком кога на вашиот телевизор ќе се обидете да го побарате каналот Русија Денес.
На ова реагираше новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, која деновиве бара од Македонците да не ја поддржуваат руската инвазија врз Украина.
Ох, тажничко…им ја исклучиле РашаТудеј во земјава, на цепанициве кои носат амерички фармерки, јадат бургери ко волови, локаат цел живот кока-коли, секако не знаат да набројат дело од руски композитор, али дркаат на Пјутин, пошто во него гледаат супериорен модел за нивниот комплекс на ниска вредност. На таквите луѓе увек некој им е крив што се лузери – крива им е владата, па државата, па тетката у маало што пружа алишта, некој у кола на улица, па кучето што проаѓа, ете и на крај Америка…. А и по дома нивните не им кажале дека не е убаво да живееш во америчка ,,колонија”, да си залеган со пивото на мевот без влакно да ти фали, а да навиваш меѓу Америка и Русија, кога одговорот е јасен 70 години, вели Јоци.