Зоран Божиновски, кој повеќе пати пишуваше за семејните и корупциските скандали на директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, пишува дека неговиот најавен развод со сопругата и интернет ѕвезда Мери претставува трансфер на парите кои се стекнати со криминал во РЕК Битола.
Мери Ковачевска вчера најави дека се разведува од Васко. Таа на Фејсбук објави натпис – Љубовна врска Слободен/-на, и во подоцнежните коментари потврди дека веќе е „слободна жена“.
Во тек е трансфер на имот стекнат со криминал, од Васко на Мери Ковачевска, па ќе добие развод и слобода да живее непречено со АНА ЃОРЃИЕВА… Да заврши оваа разводна процедура, па ќе пробаат да ни се смеат на сите нас у лице. Мал проблем е што Колбасо има над МИЛИОН ЕВРА на оф шор фирма во земја членка на ЕУ. Тие пари од Шутка ќе ги троши, моја прогноза!, вели Божиновски, кој подолго време се занимаваше со брачната двојка, откако Заев го постави Васко Ковачевски за директор на најголемата компанија во Македонија.