Бугарскиот премиер Кирил Петков отворено се изјасни во полза на Владата на Димитар Ковачевски и се надева дека тие ќе останат на власт, и нема да бидат заменети со ВМРО-ДПМНЕ. Според Петков, Бугарија треба да му попушти на Ковачевски и да и дозволи на Македонија да ги почне преговорите за членство со ЕУ бидејќи тој предводел „нормална Влада“, за разлика од Владата што може да ја формира ВМРО.
Најглупавото нешто што можеме сега да го направиме е против бугарскиот интерес и ќе се сопнеме. Да бараме сè што сме сакале да се случи, да се случи пред подигнување на ветото. Тогаш националистите ќе ја преземат власта таму и тогаш шансите ни се нула. Сега имаме нормална влада таму и тaa е подготвенa да ги преземе ангажманите со европски договор, изјави Петков.
Вакви слични изјави даваше и Борисов на времето за Зоран Заев, но сепак Заев падна, во голема мерка поради бугарското вето. ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека Бугарија ги претпочита Ковачевски и СДСМ – ДУИ затоа што лесно ќе ги натера да направат многу поголеми отстапки.