Петар Богојески од Македонски Концепт најави дека партијата ќе им обезбеди правна помош на младите навивачи кои извикуваа погрдни пароли против Албанците за време на прославата на победата над Италија. Поради снимките што се проширија во медиумите, обвинителството најави дека ќе побара од полицијата да ги идентификува тие што скандираа.
НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ, сите до една, често знаат да користат говор на омраза… Превенција на истото е разговор со младите… едукација… а не закани и апсење од арамиите од МВР! МВР нека се справи со дилерите кои го преплавија Скопје со дрога… а не со деца! Знаеме дека знаете да им се силите на децата… да ве видам со мафијата да се носите!Македонски Концепт во рамки на своите можности ќе обезбеди правна заштита на евентуално малтретирани деца од мафијата во МВР! Македонската младина е душата на Македонија и секогаш треба да гледаат на нас, како силна поткрепа на нивната бунтовност, желба за борба и промени во ова неправедно општество и рушење на овој трул систем!!!НИКОГАШ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАЈТЕ✊? Повлекувањето не е КОНЦЕПТ!, порача Богојески.