Пишува Блаже Аризанов, човекот кој разви милионски бизнис и руши општествени табуа. Ко-основач на стартап-от StayUncle.
ЗОШТО ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ НЕ СЕ БОГАТИ? … (и мислат социјализмот, земањето од другите ќе им ги реши проблемите?)
Заради две причини:
– Неквалитетни одлуки
– Неамплифицирање на ефектот од квалитетните одлуки (Leverage).
Двете се поврзани една со друга.
Повеќето луѓе се навистина лоши во донесување исправни одлуки. Исправни потези. Денешното време на инстант гратификација уште повеќе знае да го поттикне носењето на лоши одлуки. Луѓето едноставно реагираат на сé. Донесуваат одлуки за непотребни нешта. Имаат мислење за сé. Си ги истоштуваат ограничените ментални капацитети на глупости и затоа кога ќе дојде време за квалитетна одлука веќе не им останало сила да ја донесат.
Ова ме носи кон вториот фактор – leverage.
Веќе спомнав дека освен труд имаш далеку понови модерни формати на скалирање на систем за создавање вредност (и пари). Еден од нив е капиталот.
Капиталот оди само кај оние со кредибилитет.
Кредибилитетот не треба да се разбере како карактерна особина. Кредибилитетот е твојата способност да организираш системи. Ти можеш да бидеш и лоша личност по типични стандарди но ако си лоша личност со систем, капиталот повторно ќе се слее при тебе (systems, not goals).
Кредибилитетот исто не треба да се поистоветува и со институционален кредибилитет како на пример диплома од престижен универзитет.
Кредибилитетот е нешто што го градиш со години.
Кредибилитетот резултира во етика. Етиката е воздржување од сегашен бенефит во име на иден бенефит (долгорочна алчност). Значи се воздржуваш од краткорочна (неетичност) за да ултимативно бенефицираш на долг рок.
Повеќето луѓе се истрчуваат како прлиња. При следната допаминска епизода го искоцкале и тој малку кредибилитет што го стекнале во меѓувреме. Затоа мора да почнат со градење кредибилитет одново. И пак ќе го искоцкаат. И пак одново.
И затоа не стекнуваат leverage. Оти немаат акумулација на кредибилитет.
Капиталот е во изобилство. Кредибилитетот е редок.
Oва е причината и зошто многу паметни луѓе не се богати. Они имаат капацитет за исправни одлуки но немаат leverage (капитал) да го мултиплицираат (монетарниот) ефект од таа [исправна] одлука.
Може си паметен да знаеш дека Биткоин ќе падне за толку и толку но најчесто немаш доволно капитал (leverage) да ако испаднеш во право, да направиш и пари. Tи фали кредибилитет бидејќи кредибилитетот иде од две работи, 1) од способноста да успееш јавно и 2) од способноста ако во нешто не си успеал, да преземеш одговорност јавно.
Нашево екс-комунистичко општество не е учено да презема одговорност јавно (бидејќи неуспехот се демонизира, му се придодава срам) и затоа повеќето од нас не стекнуваат кредибилитет во животот.
Кредибилитетот и интелигенцијата не мора да одат заедно. Знам полно интелигентни луѓе без кредибилитет.
Повеќето настани се бинарни, односно или си во право за нешто или не си. Да си во право без leverage е исто како да не си во право бидејќи џабе ти е што си во право штом тоа не резултирало со финансиски резултат (being right vs making money), туку само со ego boost.
Или како што велат – ако си толку паметен, зошто не си богат?