Лидерот на Левица Димитар Апасиев бара од ВМРО-ДПМНЕ да го спречи изборот на нови 4 судии во Уставен суд, во спротивно џабе ќе биде да формираат влада на следните избори:
Не знам дали ДПМНЕ ја сфаќа суштинската опасност од тоа ако дозволи избор на 4 нови уставни судии од страна на мафијата (СДС+ДУИ).
Тоа, во превод, значи дека во наредни девет години – што е повеќе од два извршни мандата – било која наредна Влада нема да може да спроведува структурни реформи, оти ќе му паѓаат на Уставен како круша (нешто слично што му правеа на Грујо кога прв пат дојде на власт).
Ако дозволите ова да помине – џабе ви е Влада после наредни избори. Ќе треба после Уставен да го укинуеме, со закон. Ама за тоа, ќе треба кај нас да дојдете, на дополнителни правни консултации.
p.s. БЛОКИРАЈТЕ го изборот на Комисија, додека има време! Ако дојде на пленарна – пиши „пропало“.