Против најмалку тројца скопски градоначалници е отворена истрага поради злоупотреба на службена должност, корупција и перење пари, дознава Инфомакс од извори во МВР.
Како што неофицијално дознаваме најмалку тројца градоначалници во изминатата година успеале на барање на Христијан Мицкоски да направат неколку кривични дела поради кои во моментов се предмет на истрага.
Во текот на вчерашниот ден градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска соопшти дека се разрешува директорот на скопскиот Водовод, Златко Перински како и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски. И двајцата важат за исклучително блиски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а Перински своевремено беше и шеф во кабинетот на Христијан Мицкоски.
Информациите со кои располага Инфомакс и кој што ги објави уште минатиот викенд е дека Перински по директива на Мицкоски фаворизирал австриска компанија за добивање на тендерот за изградба на пречистителна станица на Вардар. Наметнувајќи услови кои ги немало во препораките од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка, Перински дефакто исклучил од можноста за аплицирање на тендерот на реномиран турско-американски конзорциум.
Токму кривичните пријави против тројца градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се кулминација и потврда за обвинувањата на Јакимовски и Арсовска кои очигледно пресретнале милионски криминал и од таа причина денес се најдоа на различни страни со раководството на партијата.
Извори на Инфомакс тврдат дека на различни начини од сите општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ месечно се испумпуваат над 20-тина илјади евра кои наводно завршуваат во сефот во партијата, а многу поверојатно во џебот на Христијан Мицкоски.