На седницата за изгласување на мерките со кои треба да се намалат цените на храната и бензините, спикерот Џафери му се обрати на лидерот на Левица Димитар Апасиев со „Кастро“.
Како мислите кворум. Сега да кажам дека мнозинството нема 61 пратеник овде и да речам дека седницата нема да се одржи. Аманте, еј, ало, Кастро – извини, му рече Џафери на Апасиев, кој е почитувач на кубанскиот комунистички лидер.
Седницата почна со задоцнување, и Апасиев го прашуваше Џафери што се случува. „Вашата ажурност се гледа во тоа што во 15 часот ни беше закажана седницата еве сега е 17 не можете да обезбедите мнозинство. Тука се гледа вашата итност“, рече Апасиев.
На ова Џафери му одговори дека според комуникацијата којашто ја имал со пратениците, седницата требало да почне во 15 часот, но некој заглавил во снегот во Маврово, некој, како што рече, имал летни гуми, па морало да го туркаат.