Уредникот на Инфомакс Александар Митовски информираше дека по втор пат е осуден на шест месеци затвор, условно преку две години, за истиот случај кога објави записник од сведочење во случајот Рекет. Записникот покажува дека Зоран Заев наводно бил директно вмешан во рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев.
Првичната пресуда против Митовски беше поништена поради пропусти во процесот, но истата судијка Љубинка Башевска по вторпат ја доенесе истата пресуда.
Башевска одлучи повторно да ме осуди и покрај укажувањата на американскиот Стејт Департмент, во кој јасн обеше нотиран мојот случај кај Башевска како заплашување на новинари, тортура врз слободата на говор и цензурирање на критички медиуми. Оваа пресуда повторно ќе оди на Апелација, по жалба. Верувам дека таму има судии кои размислуваат со својата глава, а не исклучиво партиската… И во затвор да влезам, и од таму ќе објавувам, вели Митовски.
Тој додава дека судот не можел да докаже како медиум го прекршил законот за чување службена тајна, кога само вработени во судството, само службеници, имаат пристап до таа тајна.