Белата куќа мораше да ја објаснува и повлекува изјавата на претседателот Џо Бајден, за време на неговата посета на Полска, во која тој се закани дека Владимир Путин ќе биде симнат од власт.
Добога, овој човек не може да остане на власт!, извика Бајден, за време на посетата која требаше да ја охрабри Украина да продолжи да се спротиставува на руската инвазија.
За руските власти, ова е јасна потврда дека вистинската цел на САД е да предизвикува кризи и дестабилизација на Русија додека не успеат на власт да донесат марионетски водач како што е Зеленски во Украина. Одделението за односи со јавноста на Белата куќа, кои честопати мораат да ги објаснуваат изјавите на сериозно остарениот претседател, појасни дека Бајден сакал да каже дека Путин не смее да владее во соседните земји или во регионот, а дека не станувало збор за повикување на Русите да се кренат против Путин.