Поранешниот пратеник Илија Димовски оцени дека по денешната посета на европскиот прв дипломат Жозеп Борел, при која тој најави дека Македонија нема да добие датум за преговори додека не постигне договор со Бугарија, паднале маските.
Ова со изјавите на Борел денеска навистина е срамота… Првите ЕУ функционери кои даваа такви изјави веќе имаат по 90 години… Тогаш беше Грција, сега Бугарија, а всушност е самата ЕУ криејќи ги прекршувањета на човековите права кај себе…, вели Димовски.
Најмногу што Борел им понуди на неговите домаќини Ковачевски и Пендаровски е „волја“ од ЕУ да се отворат преговорите, но само откако Македонија и Бугарија ќе го решат спорот – односно откако Македонија ќе ги прифати бугарските барања. Дотогаш, Борел рече дека ЕУ нема да дозволи спор меѓу две земји да биде внесен во ЕУ со тоа што Македонија ќе биде примена како членка.