Претседателот на СОНК Јаким Неделков смета дека протестите на наставниците имаат за цел да го разбијат единството на СОНК и не доликуваат на просветни работници.
-Непријатно и жално е што најобразованите луѓе во државата дозволуваат да бидат изманипулирани или неинформирани. Вакви протести и упади во просториите на СОНК не личат на просветни работници. Многу е полегитимно нивните права да ги побараат во рамките на организaција, а не да вршат ваков притисок врз раководството. Вакви неидентификувани собирања на кои не го знаеме организаторот не водат кон ништо. Тоа е обид за разбивање на единството на СОНК“, рече Неделков.
Првиот човек на СОНК објасни дека штрајкот не е прекинат туку е ставен во мирување откако од Министерството за труд и социјална политика ги известиле дека пристапуваат кон мирно решавање на спорот.