СДСМ клекна на колена по македонското прашање, околу обезбедувањето стабилна историска иднина на македонскиот народ. По тоа прашање го урниса аманетот на претходните генерации, го доведе на раб на историски опстанок сето она што Македонците го стекнале низ борба, со крв и жртви. Колку што СДСМ станува проевропска партија, толку помалку е македонска. Политиката на СДСМ дава основа да се каже и дека е таа антимакедонска. Колку што се ближи кон Европа, толку ја заборава сопствената земја, пишува Панде Колемишевски во неговата колумна за Нова Македонија.
-Заслепени од власта, во СДСМ не гледаат или не сакаат да видат што се случува. Одмолчуваат за Грција, одмолчуваат на понижувањата од Бугарија, на омаловажувањата од бугарските највисоки власти на македонските граѓани, на нивно сведување на Македонците на сталинистичко историско ѓубре, на чие сметиште се нивниот јазик, писмо, култура, традиции. Го релативизираа скандалот со Ванчо Михајлов, како што се мајстори да релативизираат сѐ друго што не им оди во прилог. Власта на Заев, заедно со СДСМ, беше глува за расположението на мнозинството Македонци околу договорите со Грција и со Бугарија. Таа глувост ѝ донесе дебакл на локалните избори, вели тој.