Талат Џафери треба побрзо да се освести што прави како претседател на Собранието, да не тера личен инает, а особено со постапките за (не)гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски и со контрирањето на министерката Рената Дескоска за незакажување на седница за СЈО во време на изборната кампања, изјави на синоќешната дебата на ТВ 24 пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири.
„Размислувам да поднесам барање за смена на Талат Џафери од местото претседател на Собранието“, рече Зекири и додаде дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.
Аријанит Хоџа, претставникот на Беса, рече дека СЈО разочарало многу граѓани кои гласале со надеж дека СЈО ќе биде на ниво на задачата да се гони секој поголем криминал и корупција, без политичка селективност.
Беса во принцип го поддржува новиот закон за обвинителство, но не безусловно, и не без да го види текстот на законот кој го усогласиле владините коалициски партнери од СДСМ и ДУИ, изјави Хоџа.
(мкд.мк)