За 20 проценти пораснала просечната плата во земјава во последните десет години. Растот не е занемарлив, а ако се споредува со некои од европските земји дури е и импресивен.
Сепак, тој показател не е единствен кога се анализира економската слика во земјите. Во соседна Бугарија на пример, платите за последните десет години (од 2009 до 2018 година) пораснале за неверојатни 87 проценти, ама оваа земја е една од најсиромашните во Европската Унија.
Според податоците на Европскиот синдикален институт, Бугарија е лидер во растот на просечната плата со раст од 87 отсто за периодот по кризата.
Во Романија платите пораснале за 34 отсто. Следат Полска – 30 проценти, Латвија – 21 отсто, Литванија, Словенија и Естонија – со 20 отсто и Чешка – 17 отсто. Десет земји доживеале пад на реалните просечни плати – Грција – 23 отсто, Хрватска – пад од 11 отсто, Кипар 7 отсто. Во Португалија, Шпанија и Италија платите паднале за еден или два проценти додека во Белгија и Финска стагнираат.
Сепак и покрај растот, Макеоднија има една од најниските плати во регионот и во ЕУ, низок БДП по глава на жител, а сиромаштијата е над 20 отсто.